Државниот завод за статистика е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република Северна Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество. Освен тоа, Државниот завод за статистика е основен носител и координатор на статистичк...Државниот завод за статистика е стручна и самостојна организација во рамките на државната администрација во Република Северна Македонија. Основни функции на институцијата се прибирање, обработка и дисеминација на статистички податоци за демографските, социјалните и економските појави во македонското општество. Освен тоа, Државниот завод за статистика е основен носител и координатор на статистичкиот систем на земјата, тој е одговорна институција за меѓународната соработка во областа на статистиката, како и за дефинирање на статистичките методологии и стандарди и за обезбедување заштита на индивидуалните податоци што се прибираат од индивидуални лица и од правни субјекти. Државниот завод за статистика својата дејност ја реализира во согласност со Законот за државната статистика (1997, 2007, 2011, 2013, 2014, 2015, 2016, 2018 и 2020) заедно со другите учесници во статистичкиот систем на државата дефинирани со Програмата за статистички истражувања. Официјалната статистика се продуцира во согласност со принципите за неутралност, стручна независност, објективност, рационалност и заштита на индивидуалните податоци. Стратешките цели и основните вредности се дефинирани во Стратeгискиот план и според овој документ визијата на Државниот завод за статистика е да биде препознаен како институција што обезбедува квалитетни, навремени и меѓународно споредливи статистички податоци. Стручно и советодавно тело на државната статистика е Советот за статистика . Членовите на Советот се именувани од Собранието на Република Северна Македонија.Државниот завод за статистика со благодарност ќе ги прими мислењата и предлозите ( е- пошта: info@stat.gov.mk) од пријателите на македонската статистика за подобрување на достапноста на статистичките податоци.